• среда, 25 декември 2024

Утврдени цени, стандарди и закупнината на штадовите за манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“

Утврдени цени, стандарди и закупнината на штадовите за манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“
Штип, 1 септември 2022 (МИА) - Пастрмајлијата ќе чини 190 денари на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“. Претставници на угостителски објекти, градоначалникот и организатори од Општината на денешната средба ги утврдија цената, која е за 40 денари повисока од претходната манифестација, и универзалните стандарди, кои остануваат исти – 250 грама тесто и 150 грама месо. На денешната средба се дискутираше и за закупување на штандовите. Александар Арсовски, вработен во Општина Штип, вели дека покровителите и пријателите на „Штипска пастрмајлијада“ ќе имаат можност да постават нестандарден штанд, а зависно од локацијата и позицијата ќе платат од 3.000 евра, па и повеќе. Угостителите кои ќе продаваат пастрмалија штандот ќе го закупат за 200 евра, а оние кои нема да продаваат пастрмајлија неколкукратно повеќе, односно 1000 евра. -Првата категорија или партнер на Општина Штип ќе добие ексклузивно маркетиншко претставување и можност за поставување нестандарден штанд. Втората категорија – пријатели се винарии или пивари, за нив имаме обезбедено пет штандови и ќе може да ја изберат својата локација. Третата категорија се угостители кои служат или не служат храна и може да добијат единечен тип на штанд, вели Арсовски. Официјалниот повик за угостителите ќе биде објавен во понеделник. Истите ќе треба да пополнат барање за користење на простор  по официјален урнек и да го достават до Архивата на Општина. Доделувањето на штандовите ќе биде со лотарија за која ќе важи принципот прв дојден – прв услужен. Манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“ ќе се одржи на 23 и 24 септември на добро познатата локација, кај крстосницата „Дујле“. Општината и спонзорите веќе имаат подготвено богата програма, а главни гости ќе бидат Јелена Розга и Тони Цетински. вдј/рп/

Остани поврзан