• понеделник, 26 август 2024

Утврдена предлог одлука за продолжување на кризната состојба до 31 декември

Утврдена предлог одлука за продолжување на кризната состојба до 31 декември
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - Владата на денешната седница го усвои записникот од 13. седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди Предлогот на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територија на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест Ковид-19. Со оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризната состојба до 31 декември 2021 година. мс/лв/

Остани поврзан