• понеделник, 23 декември 2024

УСЈЕ: Инвестираме согласно највисоките ЕСГ стандарди, вложени над шест милиони евра во иновации и развој

УСЈЕ: Инвестираме согласно највисоките ЕСГ стандарди, вложени над шест милиони евра во иновации и развој

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) -  Цементарница УСЈЕ АД Скопје во текот на минатата година во развој, унапредување и примена на нови дигитални технологии вложи над шест милиони евра. Овие вложувања, како што велат, се насочени кон одржлив развој согласно високите ЕСГ (enviornemnt, society, governance) стандарди, што компанијата ги усвои во 2020 година и е една од првите компании во земјава што целосно ги применува и развива. Покрај инвестициите во развој, минатата година УСЈЕ инвестираше над 800 илјади евра во зелени инвестиции, со што директно придонесе за намалување на CO2 емисиите. 

-Предизвиците со кои се соочивме минатата година, кои беа предизвикани од енегетската криза, успешно ги надминавме со воведување на нови иновативни решенија кои ни овозможија оптимизација на деловните процеси и продолжување на инвестицискиот циклус. Нашиот фокус беше ставен на декарбонизација и дигитализација, поголема промоција на зелениот цемент,  циркуларна економија и мерки за енергетска ефикасност, со што ги намаливме емисиите на CO2 за 2,9 отсто во споредба со 2021 година. Нашите инженери креираа алатка базирана на вештачка интелигенција, која овозможи намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и поголема декарбонизација, истакна главниот извршен директор на УСЈЕ  Борис Хрисафов на денешната средба со новинарите.

Нагласи дека и понатаму остануваат посветени на развојот на компанијата, но и на развојот на заедницата. 

УСЈЕ, како што кажа, инвестира и во изградба на фотоволтаична централа која ќе биде лоцирана на покривните површини во компанијата. По нејзиното пуштање во употреба ќе се заменат 10 отсто од дневната потрошувачка на електрична енергија на УСЈЕ. 

-Преку инвестиција во обновлива енергија УСЈЕ директно ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2 за 3200 тони годишно.  Придонес кон поголема декарбонизација дава и зелениот ЕКО Цемент (CEM IV/B V-P 42,5 N) со помало количество клинкер, а уделот на овој цемент во вкупната продажба порасна за 25 отсто, посочи Хрисафов. 

Тој рече дека УСЈЕ продолжува со натамошна имплементација и спроврдување на ЕСГ стандардите базирани на четири столба и тоа: декарбонизација и дигитализција, работно опкружување што овозможува раст, позитивно локално влијание, одговорно управување со ресурсите. 

УСЈЕ, како што кажа, ја продолжува и соработката со заедницата во насока на поттикнување на развој на проекти кои се од заеднички интерес. Минатата година во ваков вид проекти, додаде, вложени се околу 10 милиони денари. 

Цементарница УСЈЕ има Интегрирана еколошка А дозвола и согласно одредбите во работењето применува најсовремени технолошки пракси од областа. Истовремено, работењето на компанијата се следи со независен мониторинг 24 часа, 7 дена во неделата, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни институции. вј/бак/

Фото: УСЈЕ

 

Остани поврзан