• четврток, 26 декември 2024

Уставнот суд отфрли иницијативи за оценка на уставноста на измените на Законот за судови и на Законот за ПИО

Уставнот суд отфрли иницијативи за оценка на уставноста на измените на Законот за судови и на Законот за ПИО
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на член 42 став 2 во делот „и кој не е постар од 60 години“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, соопшти Прес-службата на Уставен суд. Исто така, од таму информираат дека е отфрлена иницијативата за оценување на уставноста на членовите 115, 116 и 117 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се регулира Солидарниот фонд - посмртна помош и членарина. Воедно, на денешната седница не е поведена постапка ниту за оценка на уставноста и законитоста на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, кој беше оспорен од Синдикат на полиција во Македонија – Велес. оџ/сп/

Остани поврзан