• вторник, 27 август 2024

Успехот со масовната вакцинација во Велика Британија премирот Џонсон го објаснува со „алчноста и капитализмот“

Успехот со масовната вакцинација во Велика Британија премирот Џонсон го објаснува со „алчноста и капитализмот“
Лондон, 24 март 2021 (МИА) - „Алчноста и капитализмот се во основата на успехот на масовната вакцинација во Велика Британија“, изјавил премиерот Борис Џонсон за време на приватна виртуелна средба со пратеници од неговата Конзервативна партија, која, сепак, подоцна ја демантираше со изговор дека се шегувал, пренесе БНР.

Неколку членови на Влијателниот комитет 1922 година го потврдија она што Џонсон го изјавил во вторникот вечерта, два дена пред распуштањето на Парламентот за велигденските празници.

Како што наведуваат, „премиерот беше горд на фактот дека повеќе од 28 милиони Британци ја примија својата прва доза вакцина, додавајќи: „причината за успехот на вакцината е поради капитализмот и алчноста, пријатели мои“.

Веднаш потоа, тој се обиде да го демантира тоа, шегувајќи се дека информациите од состаноците со Комитетот 1922 година секогаш излегуваат во медиумите. Даунинг стрит не даде коментар во однос на ова. паг/

Остани поврзан