• сабота, 23 ноември 2024

Условни пресуди за обвинетите доктори Бесими и Етеми за пожарот во Модуларната болница во Тетово, д-р Вучевски ослободен од вина

Условни пресуди за обвинетите доктори Бесими и Етеми за пожарот во Модуларната болница во Тетово, д-р Вучевски ослободен од вина

Тетово, 5 јуни 2023 (МИА) - Тетовскиот суд денеска изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во Модуларната болница во Тетово. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не го повторат делото.

Заедно со Вучевски и Клиничка болница е ослободена за делото „непостапување по здравствени прописи".

На Клиничката болница и е изречена парична казна од еден милион денари. ас/ев/

ФОТО: МИА 

Остани поврзан