• сабота, 23 ноември 2024

Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието

Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието
Скопје, 16 август 2022 (МИА) - Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава. Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната расправа за предмет против шест лица обвинети за кривичното дело - Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2  в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ. - Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа вината за кривичното дело кои им се става на товар, а по ценење на сите олеснителни и отежителни околност, судот донесе првостепена пресуда со која четврица од обвинетите им определи алтернативни мерки – Условна осуда во траење од 2 години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 4 годни не сторат ново кривично дело, а  двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка – Условна осуда од 1 година затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 3 години не сторат ново кривично, а воедно им определи и мерка – Засилен надзор, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Против овие пресуди, во делот на казната, осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје. аа/са/

Остани поврзан