• сабота, 16 ноември 2024

Условна казна затвор за Алабаковски за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“

Условна казна затвор за Алабаковски за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“
Скопје, 27 септмеври 2022 (МИА) - Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола на 4 јуни годинава. Пресудата е изречена минатата недела, а од денеска стана правосилна. Адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски за Радио Слободна Европа потврди дека казната нема да се реализира доколку во следните две години, неговиот клиент не стори ново кривично дело. На Алабаковски, кој призна вина за делото, му се вратени две патни исправи и му се укинати мерките за обезбедување. По инцидентот на Алабаковски му беше изречена мерка притвор од осум дена, потоа беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода. свс/сп/

Остани поврзан