• среда, 27 ноември 2024

Усеини: Има доволно крвни единици во државава

Усеини: Има доволно крвни единици во државава

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Има доволно крвни единици во државата, изјави за МИА, Седула Усеини, директор на Институт за трансфузиона медицина, откако во јавноста излегоа информации дека има итна потреба од крвни единици од крвните групи А+ и 0+. 

- Не е алармантна состојбата, добра е состојбата, населението не треба да се грижи, нема простор за паника. Вообичаено имаме некое ниво на број на крвни единици и кога тој број е на граница, повикуваме да има донирања од таа крвна група, па ги задоволуваме потребите. Тоа е вообичаено, појасни тој. 

Усеини рече дека за шесте месеци од годината, имало потреба од повеќе крвни единици, за разлика од истиот период, лани. 

- Во постојан раст е потребата од крвни единици, нагласи тој, со порака да се биде хуман и да се дарува крв.

Општина Карпош преку социјалните мрежи, денеска ги повика оние со крвните групи А+ и 0+ да даруваат крв.

- Институтот за трансфузиона медицина има итна потреба од крвни единици од крвните групи А+ и 0+. Ги повикуваме сите дарители на крв кои се во можност во текот на денешниот ден најбрзо што можат да се пријават на институтот и да ги следат нивните упатства за дарување крв, пишува во објавата на локалната самоуправа на „Фејсбук“. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан