• среда, 25 декември 2024

Усвоена новата Директива на ЕУ за обновливи извори на енергија

Усвоена новата Директива на ЕУ за обновливи извори на енергија

Брисел, 9 октомври 2023 (МИА) - Советот на ЕУ денеска ја усвои новата Директива за обновливи извори на енергија, чија цел е зголемување на уделот на обновливата енергија во вкупната енергетска потрошувачка на Унија на 42,5 отсто до 2030 година, со можност за дополнител раст за уште 2,5 процентни поени до нивото од 45 проценти, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Согласно Директивата, секоја земја членка на ЕУ е обврзана да придонесе за постигнување на оваа цел во секторите транспортот, индустријата, градежништвото и централното загревање и ладење. 

Шпанската министерка за еколошка транзиција Тереза Рибера, по повод усвојувањето на Директивата, изјави дека тоа претставува „големо достигнување“, што ќе помогне да се постигне климатската цел на ЕУ за намалување на емисиите на штетни гасови во Унијата за најмалку 55 отсто ​​до 2030 година.

- Тоа е чекор напред кој ќе придонесе за постигнување климатските цели на ЕУ на фер, рентабилен и конкурентен начин, додаде ​​Рибера. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан