• недела, 17 ноември 2024

Уругваецот Годин замина во фудбалска пензија

Уругваецот Годин замина во фудбалска пензија

 Буенос Аирес, 31 јули 2023 (МИА) – Уругвајскиот дефанзивец Диего Годин (37) стави крај на својата фудбалска кариера која траеше 20 години, освојувајќи десет трофеи, вклучувајќи две титули во Лига Европа и три во Суперкупот на УЕФА.

Годин одлуката ја соопшти по вчерашниот пораз на Велез Сарсфилд од Хуракан (0-1) во завршното коло сезонава во аргентинската лига.

„Сега имам други приоритети. Моето семејство е во Уругвај, а неодамна станав татко. Сакам да се одморам и да уживам во други работи, а сакав да заминам со добар имиџ на теренот“, рече Годин во изјава за аргентинските медиуми.

Годин ја почна кариерата во 2003 година, настапувајќи за уругвајските клубови ЦА Церо и Национал шред да се пресели во шпански Виљареал. Во 2010 година го облече дресот на Атлетико Мадрид, каде девет години ја носеше капитенската лента. Кариерата ја заврши во аргентински Велез, настапувајќи претходно и за Интер, Каљари и Атлетико Минеиро.

За уругвајската репрезентација одигра 161 натпревари и беше дел од тимот кој ја освои Копа Америка во 2011 година. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан