• среда, 27 ноември 2024

Уреден нов спортски терен во подрачното училиште „Илинден" во кривопаланечкото село Конопница

Уреден нов спортски терен во подрачното училиште „Илинден

Крива Паланка, 27 јули 2023 (МИА) - Во подрачното основно училиште „Илинден" од село Конопница, Крива Паланка е уреден и опремен нов, модерен спортски терен. Од сопствени, буџетски средства на училиштето вложени се околу 5.1 милион денари, информира директорката на ООУ „Илинден", Лорета Димитровска.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со директорката Димитровска денеска извршија увид на терен, при што Митовски истакна дека новото спортско игралиште е подарок за учениците, за децата и граѓаните во пресрет на големиот национален празник, 2 Август - Илинден и во пресрет на новата учебна година.

-Училишниот двор доби комплетно нов лик со оваа инвестиција со која се извршени: изградба и опремување на повеќенаменски спортски терен за фудбал, кошарка, одбојка, уреден е терен за вежби на отворено, поставена е заштитна ограда на игралиштето за безбедност на учениците од страна на улицата и доизграден е потпорен ѕид, така што и во претстојниот период од летото дечињата ќе можат да спортуваат, а во новата учебна 2023/24 година, сите ученици ќе имаат модерни услови за реализација на наставата по физичко, рече градоначалникот Митовски.

Директорката Димитровска истакна дека при изградбата на теренот, со што за првпат ова подрачно училиште добива спортски содржини, решен е проблемот со атмосферски површински води, а воедно уредени се неколкуте пристапни патеки во дворот и извршено е озеленување и хортикултурно уредување на слободните површини.

Општина Крива Паланка заедно со образовните институции од градот, работат континуирано на создавање подобри услови за учениците и сите дечиња, вложувајќи во правилен раст и развој на здрави млади генерации. ид/дма/


Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан