Управниот суд го поништи претходното решение на Конзерваторскиот центар - Скопје
- СООПШТЕНИЕ: Поради повеќемесечни непринципиелни притисоци кои беа упатени до поединци од Секторот за урбанизам при Општина Карпош, локалната самоуправа има должност да ја информира јавноста, во врска со одобрението за градење број УП 1 бр. 47-560 од 18.01.2024 година издадено на инвеститорите „ЗСФ Ком“ ДООЕЛ Скопје и „Делта 2015 Констракшн“ ДООЕЛ Скопје, на улица Никола Русински.
Скопје, 9 јануари 2025
Поради повеќемесечни непринципиелни притисоци кои беа упатени до поединци од Секторот за урбанизам при Општина Карпош, локалната самоуправа има должност да ја информира јавноста, во врска со одобрението за градење број УП 1 бр. 47-560 од 18.01.2024 година издадено на инвеститорите „ЗСФ Ком“ ДООЕЛ Скопје и „Делта 2015 Констракшн“ ДООЕЛ Скопје, на улица Никола Русински.
Имено, од страна на Управниот суд на РСМ доставена е пресуда до Секторот за урбанизам на Општина Карпош, која се однесува на утврдување на законитоста при издавање на градежна дозвола за предметната локација и законитоста на позитивното конзерваторско мислење бр. 08-688/3 од 08.11.2023 година, со која се поништува решението на претходното конзерваторско мислење.
Управниот суд на РСМ донесе одлука со која, поништувањето на решението на позитивното конзерваторско мислење од страна на НУ Конзерваторски центар - Скопје е неправилно и незаконито, од причини што во правниот промет не можат да постојат два правни акта, т.е. две конзерваторски мислења донесени по исто барање, но со сосема различна содржина и притоа да произведуваат различни правни дејства. Затоа второто, (негативното конзерваторско мислење) по службена должност мора да биде повлечено од правниот промет од страна на НУ Козерваторски центар – Скопје, од причини што ваквото постапување на органите сериозно ја доведува во прашање правната сигурност на сите правни и физички лица во РСМ.
Против оваа одлука на Управниот суд, незадоволната странка во постапката нема право на жалба. Практично, со оваа одлука на Управниот суд на РСМ се потврдува дека Секторот за урбанизам на Општина Карпош постапил законито, при издавањето на дозволата за градба на горенаведената зграда.
Општина Карпош
фото: МИА архива
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.