• понеделник, 23 декември 2024

УНХЦР : Поради конфликтот во Судан се раселени над четири милиони лица

УНХЦР : Поради конфликтот во Судан се раселени над четири милиони лица

Каиро, 8 август 2023 (МИА) – Од почетокот на судирот во Судан, во април, во земјата има над четири милиони раселени лица, а повеќе од 884.000 лица побегнаа во другите земји, изјави портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер.

Според него, поради конфликтот во земјата е влошена и здравствената ситуација, а се повеќе луѓе се неухранети.

Спиндлер на новинарите им соопшти дека од средината на мај до средината на јули, УНХЦР забележала повеќе од 300 смртни случаи од сипаници и неухранетост, главно меѓу деца на возраст под пет години.

-Хроничниот недостиг на здравствен персонал, како и нападите врз персоналот, како што објави Светската здравствена организација, значително го загрозија квалитетот на здравствената заштита низ целата земја, рече Спиндлер.

Конфликтот меѓу меѓународно признатата влада и паравоените Сили за брза поддршка се интензивираа во источниот дел на Картум и Омдурман.

Конфликтот во Судан почна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група РСФ на генералот Мохамед Хамдан Дагл. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан