Уништен контролниот пункт за дезинфекција на возилата во М.Каменица
- Уништен контролниот пункт за дезинфекција на возила на влезот во Македонска Каменица од страната на Делчево.

Македонска Каменица, 13 април 2020 (МИА) - Уништен контролниот пункт за дезинфекција на возила на влезот во Македонска Каменица од страната на Делчево. Според информациите на надлежните штетата е направена за време на викенд полицискиот час, а веќе се прават активности за целосно негово враќање во функција.
-Вработените во Јавното претпријатие „Камена Река“ ја санираат штетата со цел повторно враќање во функција на пунктот со кој општина Македонска Каменица воведе дополнителна заштита на граѓаните за спречување и ширење на заразата од Ковид 19, информираа надлежните.
Сторителот е непознат на органите, кои допрва ќе утврдуваат дали штетата е намерно нанесена.
Освен од влезот со Делчево во текот на минатата недела, сличен пункт за дезинфекција на возилата беше поставен и на влезот за возила кои во М.Каменица влегуваат од страната на Кочани и останатите градови. вс/ир
