• сабота, 22 март 2025

УНИФИЛ: Ситуацијата меѓу Израел и Либан е „исклучително кревка“

УНИФИЛ: Ситуацијата меѓу Израел и Либан е „исклучително кревка“

Бејрут, 22 март 2025 (МИА) - Мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) денеска предупредија дека ситуацијата меѓу Израел и Либан е „исклучително кревка“ поради порастот на прекуграничното насилство што може да го прекрши договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

-Силно ги повикуваме сите страни да избегнуваат да го загрозат постигнатиот напредок, особено кога се загрозени животите на цивилите и кревката стабилност постигната во последните месеци, се вели во соопштението на УНИФИЛ, пренесено од Ал Џезира.

УНИФИЛ предупреди дека „секоја понатамошна ескалација на оваа нестабилна ситуација може да има сериозни последици за регионот“.

Во соопштението се додава дека УНИФИЛ „ги охрабрува двете страни да ги почитуваат своите обврски“.

Се додава дека мировниците ќе ги задржат своите позиции. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан