• сабота, 23 ноември 2024

Унилевер ќе укине 3.200 работни места во Европа

Унилевер ќе укине 3.200 работни места во Европа

Лондон, 12 јули 2024 (МИА) - Британскиот мултинационален производител на стоки за широка потрошувачка Унилевер планира да укине повеќе од три илјади работни места во канцелариите во Европа до крајот на следната година, потврди портпаролот на компанијата.

„Во следните неколку недели ќе иницираме процес на консултации со вработените кои може да бидат засегнати од предложените промени“, изјави портпаролот на Унилевер.

Компанијата во средата ги информираше директорите дека ќе укине дури 3.200 работни места во Европа до крајот на 2025 година.

Лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“ беше првиот што ја објави веста, известувајќи дека работните места ќе бидат укинати главно во канцелариите во Лондон и Ротердам. паг/

 

Остани поврзан