Универзитетот ФОН организира дебата за ракот на дојка
- Американскиот универзитет на Европа – ФОН вечер од 18.30 часот ќе организира јавна дебата насловена „Дами, проверете се!“, со што ќе се вклучи во одбележувањето на октомври - месецот посветен на борбата против ракот на дојка.

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Американскиот универзитет на Европа – ФОН вечер од 18.30 часот ќе организира јавна дебата насловена „Дами, проверете се!“, со што ќе се вклучи во одбележувањето на октомври - месецот посветен на борбата против ракот на дојка.
-Овој настан е моќна и инспиративна можност да се обединиме како заедница и да бидеме активни учесници против најголемото зло на денешницава. Сите заедно, само преку активна едукација, можеме да ја зголемиме свеста за превенција, навремена дијагноза, третман и лекување на ракот на дојка, соопшти Американскиот универзитет на Европа – ФОН.
На дебатата е најавено учество и на министерот за здравство Фатмир Меџити. хс/мд/
Фото: Американски универзитет на Европа – ФОН