• вторник, 24 декември 2024

Унгарската влада повторно ја започнува програмата „Златна виза“

Унгарската влада повторно ја започнува програмата „Златна виза“

Будимпешта, 16 ноември 2023 (МИА) - Унгарската влада достави до Парламентот предлог за нова програма „Златна виза“ како дел од нацрт-законот со кој се регулира имиграцијата на лица од трети земји во Унгарија.

Предлог-законот ја воведува категоријата „виза за гостин-инвеститор“, односно за луѓе кои доаѓаат во Унгарија и се поврзани со проекти кои имаат статус на „стратешки важна инвестиција“.

Добивањето на таа виза би било предуслов за аплицирање за дозвола за престој, што ќе му овозможи на носителот на визата да остане во Унгарија 10 години, се наведува во нацртот. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан