• понеделник, 23 декември 2024

Унгарија ќе ја блокира Бугарија за Шенген доколку не ја укине таксата за транзит на руски гас

Унгарија ќе ја блокира Бугарија за Шенген доколку не ја укине таксата за транзит на руски гас

Будимпешта, 16 декември 2023 (МИА) - Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната се додека е во сила данокот за транзит на руски гас, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи.

Унгарија јасно и стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење доколку остане на сила данокот на главната унгарска маршрута за увоз на гас, се наведува во соопштението на унгарското МНР, цитирајќи го шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

- На Бугарите јасно им ставивме до знаење дека, доколку нивната одлука потрае, односно доколку долго време ја загрозува безбедноста на унгарското снабдување со енергенси, ние ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген, рече Сијарто.

Западноевропските земји вложија големи напори да се осамостојат од рускиот гас, а Унгарија, земја без море, годишно купува 4,5 милијарди кубни метри гас од Русија, главно преку Бугарија и Србија, според договорот потпишан во 2021 година.

Бугарија и Романија, кои се приклучија на ЕУ во 2007 година, сепак, досега не успеаја да се приклучат на Шенген зоната и покрај нивните напори. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан