• петок, 08 ноември 2024

Унгарија планира од 16 септември да забрани увоз на украинско жито

Унгарија планира од 16 септември да забрани увоз на украинско жито

Будимпешта, 27 август 2023 (МИА) - Унгарија планира од 16 септември да го забрани увозот на украинско жито со цел да ги заштити своите земјоделци, изјави денеска унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.

-Доколку Европската унија не ја продолжи забраната за увоз на украинско жито во Европа пред истекот на мерката на 15 септември, Унгарија ќе забрани 24 производи врз кои првично влијаеја мерката на ЕУ, место четирите што во моментов се забранети, рече тој.

Пет членки на ЕУ од Централна Европа побараа од Брисел да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито по 15 септември, потсетува Бета.

Полска, Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка бараат забраната за четири украински производи: брашно, пченка, семе од репка и семки од сончоглед, да остане и по истекот на рокот, а тие да можат транзитно да се извезуваат низ овие земји. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан