• четврток, 07 ноември 2024

Унгарија останува со замрзнати европски фондови и покрај договорот за помош за Украина, изјави неименуван дипломат на ЕУ

Унгарија останува со замрзнати европски фондови и покрај договорот за помош за Украина, изјави неименуван дипломат на ЕУ

Брисел, 1 февруари 2024 (МИА) - Европските фондови за Унгарија ќе останат замрзнати и покрај договорот за помош за Украина што го договорија земјите-членки, изјави дипломат на ЕУ веднаш по објавувањето на договорот, пренесуваат британските медиуми.

Лидерите на ЕУ денеска едногласно се согласија да и дадат на Украина дополнителни 50 милијарди евра помош, надминувајќи го неколкунеделното противење од Унгарија.

Според дипломатот, Унгарија мора да ги исполни своите обврски за исполнување на условите за добивање средства од ЕУ. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан