• вторник, 24 декември 2024

Унгарија и Полска планираат да стават вето на буџетот на ЕУ

Унгарија и Полска планираат да стават вето на буџетот на ЕУ
Будимпешта, 16 ноември 2020 (МИА) - Унгарија планира да стави политичко вето на буџетот на ЕУ за периодот 2021-27 година поради предлогот за поврзување на распределбата на средствата на ЕУ со владеењето на правото, а ваквиот потег го најави и полскиот министер за правда. Како што пренесуваат странските агенции, Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со години е во расправија со европските партнери во врска со кршењето на демократските стандарди, а планот да се стави вето е објавен на веб-страницата portfolio.hu. Унгарија и Полска се под истрага на ЕУ за нарушување на независноста на судовите, медиумите и невладините организации. Овие две земји, како и другите членки на ЕУ, можат да стават вето на усвојување на повеќегодишната финансиска рамка, но тоа исто така ќе им наштети на нив како на земји кои добиле најмногу европски средства и во кои поддржувачите на владејачките партии често зависат од европските субвенции. Полскиот министер за правда Збигњев Зиобро изјави дека Варшава треба да стави вето на обидот за поврзување на владеењето на правото со распределбата на пари од фондовите на Унијата. - Сега е одлучувачкиот момент ... во кој Полска може да стави вето ... како корисна алатка за блокирање на политичкиот проект дизајниран за ограничување на суверенитетот на Полска, рече  Зиобро. паг/  

Остани поврзан