• сабота, 23 ноември 2024

Унапредување на соработката во контекст на нови инвестиции во фокусот на средбата на Муртезани со јапонскиот амбасадор Казуја

Унапредување на соработката во контекст на нови инвестиции во фокусот на средбата на Муртезани со јапонскиот амбасадор Казуја

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска се сретнал со амбасадорот на Јапонија, Отсука Казуја, при што била потврдена одличната билатерална соработка, како и јапонската поддршка на Северна Македонија преку донации во некои од важните сектори за нашиот евроинтегративен процес.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања, Муртезани му се заблагодарил на амбасадорот Казуја за целокупната поддршка што Јапонија ѝ ја дава на Северна Македонија, а се разговарало и за успешната реализација на проектите од јапонските грантови, како и за унапредување на соработката во контекст на нови инвестиции.

Муртезани, се посочува, ја реафирмирал посветеноста на Владата за понатамошен развој на односите во рамки на иницијативата на Јапонија за соработка со земјите од Западен Балкан.

Амбасадорот Казуја ја истакнал одличната соработка со Министерството за европски прашања и нагласил дека во изминатите години Јапонија има обезбедено над 800 илјади евра помош за зајакнување на здравствените услуги за набавка на медицинска опрема за ковид центрите во земјата. вг/бак/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан