• сабота, 23 ноември 2024

Уметницата Александра Ацеска изложува во Гуангжу, Кина

Уметницата Александра Ацеска изложува во Гуангжу, Кина

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) -Самостојна изложба на македонската уметница Александра Ацеска, ќе биде отворена денеска во културниот и креативен парк Зинитанг, во Гуангжу, Кина.

-Флорал Лимбо е волшебна изложба на дела кои навлегуваат во длабоката интеракција помеѓу внатрешните процеси и надворешните влијанија. Преку хипнотизирачка фузија на цветни дезени, заоблени линии и разновидни техники на цртање и сликање, оваа изложба ги поканува гледачите на волшебно патување во длабочините на уметничкиот израз на Ацеска, се наведува кон изложбата.

Културниот и креативен парк Зинитанг е дел од Музејот на уметност „Сан Та“ посветен на дела на експерименталната уметност која треба да го помести востановето размислување. вг/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан