Умерено облачно со слаб до умерен ветер
- Времето во земјава ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност.

Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност.
Утринската температура ќе се движи од -3 до 6, а дневната од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 12 степени.
До недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата. Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.