Умерен земјотрес регистриран во близина на Индонезија
- Земјотрес со интензит од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Индонезија

Џакарта, 10 ноември 2021 (МИА) - Земјотрес со интензит од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Индонезија.
Епицентарпот на земјотресот бил на 184 километри југозападно од градот Набире, на длабочина на два киломатра.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. ми/