• среда, 27 ноември 2024

Улјанов: Брз напредок на Русија и САД во преговорите за новиот СТАРТ

Улјанов: Брз напредок на Русија и САД во преговорите за новиот СТАРТ
Москва, 27 јануари 2021 (МИА) - Москва и Вашингтон прават брз напредок во преговорите за продолжување на новиот договор за контрола на нуклеарното оружје, изјави високиот руски дипломат Михаил Улјанов. Рускиот амбасадор во меѓународните организации во Виена рече дека Русија и Соединетите Американски Држави „прават извонреден и брз напредок“ во преговорите за продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје. „Постојат добри причини да се очекува дека релевантниот договор наскоро ќе стане реалност“, напиша Улјанов на Твитер. Минатата недела американскиот претседател Џо Бајден предложи продолжување на новиот договор СТАРТ за уште пет години, а Кремљ веднаш ја поздрави понудата. Договорот СТАРТ беше потпишан во 2010 година, а ќе истече на 5 февруари оваа година. Тој предвидува дека Русија и САД не смеат да имаат повеќе од 1.550 нуклеарни боеви глави и 700 ракети и бомбардери, како и опсежни теренски инспекции за да се утврди почитувањето на договорот. Русија долго време предлагаше продолжување на договорот без никакви услови и промени, но администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп чекаше до минатата година да започне преговори, додека продолжувањето беше условувано со низа услови. Двете страни не успеаја да ги надминат разликите дури и по неколку месеци подготовки за преговори, чиј почеток постојано се одложуваше. паг/  

Остани поврзан