• сабота, 06 декември 2025

Улицата „Воин Драшкоци“ во Хром и патот Волково – Кучково меѓу 24-те одобени проекти со поддршка од Владата

Улицата „Воин Драшкоци“ во Хром и патот Волково – Кучково меѓу 24-те одобени проекти со  поддршка од Владата

Скопје, 21 јули 2025 

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги истакна двата најзначајни инфраструктурни проекти од вкупно 24 кои добија поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој.

Проектите се со вкупна вредност од над 58 милиони денари и се од суштинско значење за локалниот развој на општината.

- Улицата „Воин Драшкоци“ во Хром – ќе биде реконструирана во должина од 1 километар, со ширина од 7 метри, која за прв пат ќе добие и атмосферска канализација, со што значително ќе се подобрат условите за жителите од овој дел на населбата.

- Патот Волково – Кучково – се реконструира и проширува со цел да добие современ и безбеден изглед. Овој патен правец е од голема важност за мештаните, земјоделците и сите кои секојдневно гравитираат кон овој потег.

„Горди сме што во вкупната поддршка од Владата за проекти во локалната самоуправа се вклучени и два значајни проекти за Ѓорче Петров - изјави Стојкоски.

Се грижиме, како што рече, за секое населено место и инвестираме таму каде што реално е најпотребно.

 

Општина Ѓорче Петров

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан