Украинско воено воздухопловство: Соборивме 17 од 22 дронови
- Украинското воено воздухопловство соопшти дека соборило 17 од вкупно 22 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта.

Киев, 14 септември 2023 (МИА) - Украинската противвоздушна одбрана синоќа уништи 17 руски беспилотни летала, соопшти воздухопловството во Киев, без да прецизира жртви.
-Вкупно 22 лансирања беа регистрирани кон регионите Миколаев, Запорожје, Днепропетровск и Суми, соопштија украинските сили на Телеграм.
Според резултатите од ноќните борбени операции, противвоздушната одбрана уништила 17 од вкупно 22 непријателски беспилотни летала од типот „Шахед“. мс/
фото: МИА архива