• вторник, 24 декември 2024

Украинското воено разузнавање извести за експлозија на нафтовод во руската област Ростов за пренос на нафтени деривати на танкери

Украинското воено разузнавање извести за експлозија на нафтовод во руската област Ростов за пренос на нафтени деривати на танкери

Киев, 6 април 2024 (МИА) - Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина извести дека нафтоводот што Русија го користи за пренос на нафтени деривати на танкери за воени цели, е кренат во воздух во руската област Ростовска, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на ГУР.

-Во раните утрински часови денеска, во областа на градот Азов (Ростовска област), како резултат на експлозијата на нафтоводот што се користи за транспорт на нафтени продукти од локалниот нафтен терминал до танкери на пристаништето Азов, товарењето на танкери беше суспендирано на неодредено време, нагласуваат од украинското воено разузнавање.

Русија ја искористи оваа инфраструктура за воени цели за поддршка на воените напори против Украина, се вели во соопштението. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан