• сабота, 23 ноември 2024

Украински дрон погоди руско складиште за нафта, нема повредени

Украински дрон погоди руско складиште за нафта, нема повредени

Москва, 1 ноември 2024 (МИА) - Украинско беспилотно летало ноќеска погоди складиште за нафта на југот на Русија, соопштија руските власти, додавајќи дека противвоздушната одбрана соборила вкупно 83 дронови.

Беспилотно летало падна ноќеска на складиште за нафта во Светлоград (Ставрополска област). Нема повредени. Итните служби се на самото место, изјави гувернерот на регионот Владимир Владимиров на Телеграм.

Руското министерство за одбрана соопшти дека вкупно 83 украински беспилотни летала се соборени ноќеска во Русија и на анектираниот Крим.

Киев врши напади на енергетските локации во Русија како одговор на руските бомбардирања на украинска територија. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан