• петок, 08 ноември 2024

Украински Генералштаб: Поседуваме руски воен план

Украински Генералштаб: Поседуваме руски воен план
Киев, 3 март 2022 (МИА) - Генералштабот на украинската армија тврди дека дошол во сопственост на руски воен план на 810-та поморска бригада на Црноморската воена флота, според кој, наводно, идејата била да се покори Украина за 15 дена, објави украинска „Правда“. Овие документи првично биле објавени на 18 јануари, а „Правда“ како извор го наведува украинскиот Генералштаб кој ги објави документите на Фејсбук. Според тајните информации, планот за војната во Украина гласел дека таа земја мора да падне за 15 дена, од 20 февруари до 6 март, соопшти Генералштабот на украинската армија. - Им порачуваме една работа на руските агресори: оставете ја својата опрема и тајните документи дома, бидејќи ако ги земеме, тоа ќе биде добро за нашите адвокати и за Хаг, додаде украинскиот Генералштаб. Русија ја нападна Украина на 24 февруари. гт/

Остани поврзан