• сабота, 23 ноември 2024

Украинските земјоделци веројатно ќе ја намалат зимската сеидба за 30 отсто

Украинските земјоделци веројатно ќе ја намалат зимската сеидба за 30 отсто
Киев, 12 септември 2022 (МИА) - Украинските земјоделци најверојатно ќе ја намалат зимската сеидба за 30 отсто поради зголемените цени на семињата и горивото, во комбинација со ниските продажни цени на нивното жито, соопшти денеска Здружението на земјоделци на Украина. Земјата веќе почна со зимската сеидба, а Министерството за земјоделство минатиот месец наведе оти очекува нејзино можно намалување на 3,8 милиони хектари, од 4,6 милиони минатата година. Украина посеа над шест милиони хектари пченица за жетвата во 2022 година. Но, голем дел од земјоделското земјиште е под контрола на руските сили од февруари. Затоа се проценува дека околу 4,6 милиони жито ќе биде собрано на територијата што ја контролира Украина. „Главните причини што натераа земјоделци да го намалат обработувањето на земјиштето се високите цени на ѓубривата, проблемите со продажба на житото, како и премногу ниските продажни цени за нивните производи“, наведува Здружението на земјоделци на Украина. Извозот на украинско жито се намали од почетокот на рускиот напад врз Украина, поради што беа затворени пристаништата на Црното Море. Три пристаништа беа одблокирани за извоз кон крајот на јули, согласно договорот на Москва и Киев, со посредништво од Обединетите Нации и Турција. бд/сд/

Остани поврзан