• вторник, 24 декември 2024

Украинскиот премиер побара од САД економска помош во износ од 11,8 милијарди долари оваа година

Украинскиот премиер побара од САД економска помош во износ од 11,8 милијарди долари оваа година

Киев, 25 февруари 2024 (МИА) - Украина очекува да добие 11,8 милијарди американски долари економска поддршка оваа година, изјави денеска нејзиниот премиер Денис Шмигал.

Киев се соочува со буџетски недостиг од 37 милијарди долари во 2024 година поради двегодишната руска инвазија и се потпира на западните партнери за оваа витална помош.

Шмигал изрази надеж на форумот во Киев по повод втората годишнина од руската инвазија дека американските пратеници ќе ја одобрат долгоочекуваната економска и воена помош.

„Длабоко сме убедени дека САД нема да ја напуштат Украина“, рече тој, мислејќи на помошта од 60 милијарди долари што со месеци беше блокирана во американскиот Конгрес. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан