• сабота, 16 ноември 2024

Украинскиот министер за одбрана Резњиков подготвен за средба со рускиот колега Шојгу

Украинскиот министер за одбрана Резњиков подготвен за средба со рускиот колега Шојгу
Киев, 25 јануари 2022 (МИА) – Украинскиот министер за одбрана, Олексил Резњиков, денеска изјави дека е подготвен да се сретне со својот руски колега, Сергеј Шојгу, во рамките на меѓународните преговори и со учество на другите партнери. -Доколку на маргините на самитот во Брисел или Минхен со нашите партнери од САД, Велика Британија и Северна Ирска се предложи да се сретнам со Шојгу, ќе бидам подготвен за таа средба, рече Резњиков. Киев во моментов, според него, не гледа опасност од руска инвазија на Украина, наведувајќи дека разузнавачките податоци на украинските и разузнавачките служби на земјите партнери се совпаѓаат, но има разлика во нивното толкување. -Ја анализираме ситуацијата на оддалеченост од 200 километри од границата. Тие сега се приближуваат, дури и ги повлекуваат своите војници, одржуваат воени маневри, рече Резњиков. Украинскиот министер нагласи дека до овој момент руските вооружени сили не формирале ударна група која би можела да изврши воена инвазија на Украина, пренесуваат западните агенции. Западот ја обвинува Русија дека подготвува инвазија врз Украина и дека Москва значително го зголемува своето воено присуство долж границата со Украина. Русија одлучно ги отфрла овие обвинувања, оценувајќи ги за  неосновани и опасни, и нагласувајќи дека своите воени сили ги распоредува на своја територија во согласност со нејзиниот Устав и дека Западот сето тоа го користи како изговор за проширување кон Исток. сд/

Остани поврзан