• среда, 27 ноември 2024

Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба во посета на Бугарија

Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба во посета на Бугарија
Софија, 18 април 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба допатува во Бугарија со автомобил, пренесува софиското електронско издание Клуб З, а информацијата е потврдена од бугарската влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, се очекува утре Кулеба да се сретне со бугарскиот премиер Кирил Петков, со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и со други министри и притоа да се заблагодари на Бугарија за приемот на бегалците од Украина. Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно ќе се постави прашањето како Бугарија може дополнително да и помогне на Украина во борбата против Русија, откако владејачката коалиција во Софија не постигна согласност за воена помош и за тоа прашање треба да расправа Народното собрание. Засега нема официјална информација дали Дмитриј Кулеба ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев. нк/паг/  

Остани поврзан