• сабота, 23 ноември 2024

Украинскиот врховен командант тврди дека контраофанзивата се одвива според планот

Украинскиот врховен командант тврди дека контраофанзивата се одвива според планот

Киев, 6 јули 2023 (МИА) – Главниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, му рекол на претседателот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили, дека украинската контраофанзива се одвива според планот.

- Телефонски разговарав со началникот на Здружениот Генералштаб, генерал Марк Мили. Го информирав за оперативната ситуација на линијата на фронтот. Украинските сили продолжуваат со активните офанзивни акции. Ситуацијата се развива според планот, иницијативата е во нашите раце, напиша Залужни на Фејсбук. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан