• вторник, 24 декември 2024

Украинската армија тврди дека од почетокот на војната убиени се над 43.000 руски војници

Украинската армија тврди дека од почетокот на војната убиени се над 43.000 руски војници
Киев, 12 август 2022 (МИА) - Генералштабот на украинската армија денеска објави дека од почетокот на војната во Украина загинале 43.200 руски војници. Украинската армија соопшти и дека руските сили најголеми загуби претрпеле вчера во Доњецк, но не наведе детали за жртвите. Украинските сили уништија 233 руски авиони, 193 хеликоптери, 1.849 тенкови, 4.108 оклопни возила, 778 беспилотни летала, 3.021 возило и тенкови и 15 воени бродови/чамци, се посочува во соопштението на украинскиот Генералштаб. Исто така се истакнува дека украинските сили уништиле 975 артилериски системи, 261 повеќецевни ракетни системи и 136 противвоздушни системи. ми/

Остани поврзан