Украинската армија се повлече од уште едно село во Сумската област поради притисок од руските сили
- Украинската армија вчера соопшти дека се повлекла од уште едно село во близина на границата со Русија во Сумската област како резултат на притисок од руски напади.
Киев, 14 април 2026 (МИА) – Украинската армија вчера соопшти дека се повлекла од уште едно село во близина на границата со Русија во Сумската област како резултат на притисок од руски напади.
Украинскиот 14-ти армиски корпус објави на Фејсбук дека неговите трупи се повлекле од селото Миропилск на подготвени позиции за да избегнат жртви.
Руските сили ја пробија границата на повеќе места во северниот Сумски регион на Украина. Најголемата област под руска контрола е во близина на селото Јунакивка, од каде што украинските трупи ја почнаа својата контраофанзива во рускиот Курски регион во 2024 година.
Напредувањето во близина на Миропилско е од мал размер, но е чекор кон помасивен руски продор на украинска територија во регионот Суми. јт/мс/
Фото: МИА архива