• четврток, 26 декември 2024

Украинската армија се повлекува од некои области на северниот фронт, во областа Харков

Украинската армија се повлекува од некои области на северниот фронт, во областа Харков

Киев, 15 мај 2024 (МИА) - Украинската армија објави дека мора да се повлече од одредени области на северниот фронт, во областа Харков, каде Русија на 10 мај започна нова офанзива.

Во соопштението на украинскиот Генералштаб објавено синоќа, се наведува дека армијата ги променила позициите во областите кај Лукјанц и Вовчанск.

„Како одговор на непријателскиот оган и пешадискиот напад, нашите единици се префрлија на поповолни позиции со цел да ги спасат животите на нашите војници и да избегнат жртви“, соопшти Генералштабот на социјалните мрежи. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан