Украина ја повика Русија да ги повлече војниците од границата и да ги продолжи разговорите
- Украина денеска ја повика Русија да ги повлече своите војници акумулирани на границата меѓу двете земји и да го продолжи дијалогот со Западот доколку „сериозно“ сака деескалирање на тензиите.

Киев, 30 јануари 2022 (МИА) - Украина денеска ја повика Русија да ги повлече своите војници акумулирани на границата меѓу двете земји и да го продолжи дијалогот со Западот доколку „сериозно“ сака деескалирање на тензиите.
- Русија треба да продолжи со дипломатскиот ангажман и да ги повлече своите трупи акумулирани долж украинската граница, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Русија распореди околу 100.000 војници, тенкови, артилерија и ракети во близина на украинската граница, но отфрла дека планира инвазија на оваа земја, која граничи и со Русија и со ЕУ. гт/