• вторник, 24 декември 2024

Украина: Уапсивме 800 саботери, се продаваат за 300 долари

Украина:  Уапсивме 800 саботери, се продаваат за 300 долари

Киев, 5 јули 2022 (МИА) - Украинскиот гувернер на окупираната област Луганск, Серхи Хајдај, на својот канал Телеграм изрази сомнеж за способноста на проруските сепаратисти да ја вратат стабилноста во новоокупираните области на Украина.

„На неодамна окупираните територии Русите си поставуваат правила, зборуваат глупости за отворање училишта од 1 септември, брза поправка на телекомуникациската мрежа. Се е лага, истото се договараше и во Мариупол. Единственото нешто што Рашистите (термин на Хајдај за руски фашисти) се способни да го направат е да го тероризираат локалното население“, рече Хајдај. Слична порака упати и украинското Министерство за внатрешни работи, кое предупредува на руски диверзанти и соработници. Тие тврдат дека повеќе од 800 од нив се уапсени од почетокот на руската инвазија на Украина. „Во овие неколку месеци, повеќе од 800 саботери се уапсени и предадени на СБУ (Безбедносната служба на Украина) на понатамошна постапка. Тие често се продаваат „за 30 сребреници“. Цената на предавството на татковината често не е поголема од 300 долари“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Јевхен Јенин. паг/

Остани поврзан