• четврток, 26 декември 2024

Украина подготвува втор мировен самит

Украина подготвува втор мировен самит

Киев, 28 ноември 2024 (МИА) – Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак потврди дека Украина го подготвува вториот мировен самит.

- Благодарение на активната работа со нашите партнери, веќе е развиена заедничка мировна рамка која ќе стане основа за вториот мировен самит, а Украина е подготвена да го одржи во блиска иднина, рече Андриј Јермак.

Првиот мировен самит за Украина се одржа во Швајцарија во јуни, каде што повеќе од 90 земји се собраа да изготват резолуција врз основа на условите што Украина ги предложи за прекин на војната.

Русија не беше поканета на тој самит, додека Кина не присуствуваше. јт/

Остани поврзан