• понеделник, 23 декември 2024

Украина на почетокот на следниот месец ќе ја добие првата транша од 1,4 милијарди евра од замрзнатите руски средства

Украина на почетокот на следниот месец ќе ја добие првата транша од 1,4 милијарди евра од замрзнатите руски средства

Брисел, 23 јули 2024 (МИА) - Европската унија на почетокот на следниот месец ќе и ја пренесе на Украина првата транша вредна 1,4 милијарди евра од замрзнатите руски средства за набавка на воена опрема, објави Укринформ. Ова го соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

„По прашањето за неочекувано високиот профит, ги информирав министрите за нашиот напредок во однос на првиот трансфер од 1,4 милијарди евра, што се очекува на почетокот на август - следната недела“, рече Борел.

Според него, средствата за кои станува збор ќе бидат насочени кон финансирање на набавка на воена опрема од примарна важност за Украина, како што се системи за противвоздушна одбрана, артилериска муниција, како и набавки за украинската одбранбена индустрија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан