• среда, 25 декември 2024

Украина - наслови на денот

Украина - наслови на денот
Киев, 16 март 2022 (МИА) *Околу 1.000 руски војници се заробени од украинските сили откако Москва започна инвазија на нејзиниот западен сосед пред три недели, според украинскиот претседател Володимир Зеленски. * Полските обвинители собраа повеќе од 300 изјави на сведоци како дел од истрагата за наводните воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, изјави полскиот министер за правда. * Фајненшл Тајмс: Русија и Украина направија план за прекин на огнот кој содржи 15 точки * Русија блокира пристап до веб-страницата на Би-Би-Си и вети нови одмазднички санкции за медиумите * Руската Федерација официјално е исклучена од Советот на Европа * Меѓународниот суд на правдата и нареди на Русија да ја прекине воената операција во Украина * НАТО стои на ставот дека нема да се инволвира во војната во Украина, ризикот е преголем * Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека неговата воена кампања во Украина е успешна и нема да дозволи таа држава да биде „отскочна даска“ што би користела како закана кон Москва. * Бројот на бегалци кои ја напуштија Украина по руската инвазија е зголемен за повеќе од 90.000 во изминатите 24 часа, соопштија денеска ОН. * Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање пред американскиот Конгрес,го повика американскиот претседател Џо Бајден да биде „лидер на мирот“. * Марина Овсјаникова, руската новинарка која „влета“ во живо во информативна емисија на руската државна телевизија, држејќи транспарент против војната во Украина, е загрижена за својата безбедност, но, се надева дека нејзиниот протест не бил залуден. * Премиерите на Полска, Чешка и Словенија разговараа со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, веднаш откако се вратија од Киев * Украина денеска ги отфрли предлозите на Русија за усвојување неутрален статус по примерот на Австрија и Шведска, велејќи дека разговорите со Москва за прекин на огнот треба да се фокусираат на „безбедносните гаранции“. * Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер пристигна во петдневна мисија во Киев, со цел да помогне во олеснувањето на пристапот на хуманитарните организации што работат во земјата * Демилитаризацијата на Украина според австрискиот или шведскиот модел, со зачувување на сопствената армија, а без присуство на странски воени бази, е компромис, оцени официјален Кремљ. * Медински: Русија е искрена во желбата да се постигне мир најбрзо што може * Од руски аспект, преговорите со Украина не одат добро, но има одредена надеж за компромис, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров *Продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина. Украински преговарач вели дека „има шанса за компромис“. *Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позицијата на Русија во преговорите „звучи многу пореалистично“. *Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе присуствува на самитите на НАТО и Европската унија во Брисел. *Околу 29.000 луѓе беа евакуирани во вторникот од украинските градови, главно од опколениот Мариупол, изјави висок украински функционер. *Советот на Европа покрена постапка за исклучување на Русија од членство, откако руското Министерство за надворешни работи во текот на денот ја информираше организацијата дека покренува постапка за повлекување. *Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија, изјави лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински  на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. *Од почетокот на агресијата досега руските вооружени сили имаат претрпено загуби до 40 отсто од ангажираната техника и луѓе во Украина, тврди Генералштабот на украинската армија.

Остани поврзан