• среда, 25 декември 2024

Украина контролира 28 населени места во пограничниот регион, нејзините сили влегле 12 километри на руска територија, тврди гувернерот на Курск

Украина контролира 28 населени места во пограничниот регион, нејзините сили влегле 12 километри на руска територија, тврди гувернерот на Курск

Москва, 12 август 2024 (МИА) - Гувернерот на руската област Курск, Алексеј Смирнов, денеска изјави дека Украина контролира 28 населени места во пограничниот регион и дека силите на Киев влегле 12 километри на руска територија за време на инвазијата што започна на 6 август.

Смирнов рече дека украинските сили користеле гранати со хемиско оружје за време на нивниот упад таму, пренесоа руските медиуми.

Не е јасно дали Смирнов дал некакви докази во врска со тоа. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан