• среда, 25 декември 2024

Украина и Русија пред највисокиот суд на Обединетите нации

Украина и Русија пред највисокиот суд на Обединетите нации
Киев, 7 март 2022 (МИА) - Украина денеска ќе го повика највисокиот суд на Обединетите нации да и наложи на Русија да ја запре инвазијата, тврдејќи дека Москва го оправдува нападот врз основа на погрешно толкување на Конвенцијата за геноцид. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ на Русија е „неопходна“ за да се заштитат луѓето кои биле изложени на малтретирање и геноцид во источна Украина, мислејќи на оние чиј прв или единствен јазик е рускиот. На почетокот на судењето Киев ќе ги повика судиите да наложат таканаречени „привремени мерки“ за заштита на Украина. Тужбата на Украина поднесена до Меѓународниот суд на правдата (МСП) се фокусира на толкувањето на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидот од 1948 година, договор потпишан од двете земји. Украина во тужбата наведува дека руското тврдење за геноцид не е точно и дека Путин нема правно оправдување за инвазијата. Минатата недела, извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на научници кои се занимаваат со геноцид соопшти дека Путин „го злоупотребил терминот геноцид“. паг/    

Остани поврзан