• среда, 25 декември 2024

Украина доби опрема за деминирање од Канада и САД

Украина доби опрема за деминирање од Канада и САД

Киев, 25 септември 2024 (МИА) – Државната специјална транспортна служба на Министерството за одбрана на Украина доби серија хуманитарна опрема за деминирање која пристигна од другата страна на Атлантикот, јави Укринформ.

Опремата вредна 230.000 долари вклучува детектори за метал, заштитни одела, специјализирани алатки за деминирање и уреди за осветлување, „кои значително ќе ја подобрат ефикасноста и безбедноста на деминерите, нагласува прес-службата на Државната специјална транспортна служба.

Опремата била предадена на деминери кои поминале обука во специјализиран центар за деминирање и деактивирање на бомби во Косово.

Донацијата е од канадската добротворна фондација „Mriya Aid Org Inc.“ и американската компанија Safe Pro Group Inc., соопшти државната служба, изразувајќи благодарност за посветеноста на каузата на Украина.

- Оваа поддршка е важен придонес за гарантирање на безбедноста во ослободените територии на Украина и придонесува за побрзо враќање на мирниот живот во овие области, се вели во соопштението.

Како што објави претходно Укринформ, повикувајќи се на податоци од украинскиот премиер Денис Шмигал, од почетокот на 2024 година, над 200.000 хектари земјоделско земјиште се проверени и исчистени од мини.

Според проценките на експертите, Украина треба да ангажира речиси 10.000 деминери за да ја исчисти територијата од руски мини и неексплодирани експлозиви. Јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан