• среда, 25 декември 2024

Украина го критикува предлогот на Москва за продолжување на Црноморската иницијатива за житарките

Украина го критикува предлогот на Москва за продолжување на Црноморската иницијатива за житарките

Киев, 14 март 2023 (МИА) - Русија вчера предложи за дополнителни 60 дена да се продолжи договорот за извоз на украинско жито, што истекува на 18 март, понуда што наиде на критики од официјален Киев, каде сметаат дека го доведува во прашање првичниот договор.

-Москва не се противи на обновување на договорот што овозможува безбеден извоз на житари од украинските пристаништа на Црното Море, туку само за период од 60 дена, што е двојно пократок рок од периодот предвиден во претходниот договор, изјави синоќа рускиот заменик шеф на руската дипломатија, Сергеј Вершињин.

Договорот за извоз на жито меѓу Русија и Украина, постигнат со посредство на ОН и Турција во јули минатата година, имаше за цел да спречи глобална прехранбена криза со тоа што ќе овозможи безбеден извоз на жито од трите украински пристаништа на Црното Море блокирани од руските сили.

Украинскиот министер за инфраструктура изјави дека рускиот предлог за продолжување од 60 дена „му противречи на документот потпишан од Турција и ОН“, договор што вклучува најмалку 120 дена продолжување.

Во соопштението за печатот во Женева, ОН објавија дека го „забележале“ рускиот предлог и нагласија дека лидерот на ОН „потврдил дека ОН ќе направат се што е во нивна моќ за да го зачуваат интегритетот на „Црноморската иницијатива“ и обезбеди нејзин континуитет“.

По разговорите со трговскиот претставник на Обединетите нации, Ребека Гринспан и највисокиот претставник на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, Сергеј Вершињин кажа дека Москва не се противи на ново продолжување“ по истекот на рокот, но само за 60 дена.

 Вершињин, исто така, рече дека и покрај „сеопфатниот и искрен разговор“, Русија истакна дека ограничувањата за нејзините земјоделски извозници остануваат на сила.

-Нашата идна позиција ќе биде одредена со опиплив напредок во нормализацијата на нашиот земјоделски извоз, не со зборови, туку со дела, рече Вершињин, додавајќи дека тоа меѓудругото вклучува банкарски плаќања, транспортна логистика, осигурување и одмрзнување на финансиските активности. .

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека ова е „клучен момент“ во преговорите за Црноморската иницијатива.

Прајс вели дека на светот му е потребна иницијативата, за која тој тврди дека овозможува извоз на жито во земјите во развој, како и помага за намалување на цените на храната.

-Ова е клучна алатка во клучно време, рече Прајс. сд/

Остани поврзан